24фудбал

Ванда: Тој што избира со неговото срце, никогаш не греши...

Многу нејасни прашања околу ситуацијата во која се најде Икарди, Интер сигурно нема да попушти, најмалку Марота, а со коментар на социјалните мрежи се најде Ванда Нара.

Италија

Сопругата а воедно и агент на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, Ванда Нара се одзва во јавноста по доста озборуваната тема околу Аргентинецот, чија капитентска лента во тимот беше одземена и му беше врачена на Хандановиќ.

Освен тоа, Икарди, според зборовите на тренерот на Нероаѕурите, Спалети, одбил да биде дел од составот на италијанскиот тим за гостувањето кај Рапид Виена, меч на кој Интер славеше минимално во првата пресметка од 16 финалето од Лига Европа.

Учиме што значи да сонуваме, страдаме, да се бориме, жртвуваме, плачеме, почитуваме, летаме, да живееме за љубовта“ напиша таа на социјалните мрежи.

Тој што избира со неговото срце, никогаш не греши“ додаде Ванда, притоа честитајќи го денот на вљубените.

Се чини дека лојалноста на Икарди кон Ванда е огромна, а се верува дека токму таа му сугестирала на потегот да одбие да учествува на натпревар за клубот, некои шпекулации во Италија велат дека Икарди веќе има договор со Јувентус за трансфер на лето, некои велат дека Ванда сега се соочува со крајно авторитетниот Бепе Марота кој сигурно нема да остане со куси ракави во овој случај и ќе демонстрира кој е кој во клубот.