24фудбал

Игуаин брзо ги освои симпатиите во Челси, Премиерлигашот уште сега размислува да го откупи неговиот договор

Игуаин беше најголемата желба на Маурицио Сари како засилување за Челси во јануарскиот преоден рок, желбата на италијанскиот фудбалски стратег се оствари, а веројатно Аргентинецот брзо ги освои симпатиите во клубот.

Англија

Според тоа што денес го извести ЕСПН, се вели дека Челси уште сега размислува за иднината на Гонзало Игуаин, за кого, тимот од Западен Лондон ќе го задржи напаѓачот на подолг рок, односно, ќе го откупи неговиот договор од Јувентус на лето.

Игуаин се приклучи на Челси како позајмен фудбалер од Јувентус во јануарскиот преоден рок, а Милан, каде играше на позајмица, плати околу десет милиони евра за половина сезона за фудбалер кој играше далеку од посакуваната форма.

Аргентинецот засега постигна два погодоци во дресот на Премиерлигашот, и тоа против најслабата екипа во Премиерлигата според сите статистички податоци, Хадерсфилд.

Челси има опција да го откупи договорот на искусниот 31 годишен напаѓач за 36 милиони евра, а шпекулациите велат дека тимот од Лондон би можел да седне и на преговарачка маса со Јувентус за намалување на истата сума.