24фудбал

Недвед: Дибала е фудбалер од големо значење за нас

Чехот стави јасно дознаење дека Јувентус нема намера да се откаже од услугите на Дибала, фудбалер за кого постојат голем број шпекулации поврзани со неговата иднина.

Италија

Пауло Дибала повторно се најде во почетните 11 на италијанскиот првак Јувентус кој вечерва на домашен терен го пречекува Фросиноне, во моментов на оваа објава, Старата дама води со 2-0, а првиот гол беше дело токму на Аргентинецот.

Во екот на големите шпекулации поврзани со Дибала, Павел Недвед, директорот на Јувентус посочи дека Аргентинецот е од големо значење за клубот, а додаде дека истиот очекува многу од него.

Дибала е фудбалер од големо значење за нас. Тој не стартуваше на мечот против Сасуоло, но имаше одлично издание откако влезе од клупата за резервни фудбалери, а со тоа стартува на вечерашната пресметка, нема ништо спорно во тоа, тој е одличен фудбалер, а ние како клуб очекуваме многу од него“ посочи Недвед.