24фудбал

Проблеми за Солскјер и Манчестер јунајтед

Норвежанецот посочи колку ќе отсуствуваат двајцата мошне важни играчи од составот на тимот од Олд Трафорд, обајцата предвреме го завршија мечот со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер се соочува со големи проблеми откако самиот тој потврди колку ќе отсуствуваат Џеси Лингард и Ентони Марсијал.

Обајцата горе споменати фудбалери на тимот од Олд Трафорд предвреме го напуштија теренот од мечот против ПСЖ каде Премиерлигашот на домашен терен беше поразен со 0-2 во првата пресметка со францускиот првак во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Мислам дека тие ќе паузираат две до три седмици, ќе се насочиме кон помладите фудбалери во составот“ рече Солскјер на денешната пресконференција за медиумите.

Секако, ова ќе биде и шанса за останатите, тука се Санчез, Лукаку, како и Чонг и Гомес“ додаде Норвежанецот.

Ентони и Џеси направија многу за екипата изминатиов период, тие се од огромно значење за нас, но, со Лукаку и Санчез, иако имаат поинаков стил на играње, ќе имаат можност да покажат тоа што го знаат и умеат“ посочи Солскјер.

Со оглед на претпоставките кои ги даде Солскјер, Марсијал и Лингард би ги пропуштиле натпреварот против Челси во ФА купот, како и Ливерпул, Кристал Палас и Саутемптон во Премиерлигата.