24фудбал

Случајно или не, Икарди и Ванда се појавија на видео бимот, фановите на Интер збеснаа (ВИДЕО)

Фановите на Интер го кажаа своето мислење во случајот со Икарди, каде во главна улога е веројатно неговата сопруга и агент, Ванда, тие се појавија на видео бимот, а веднаш потоа настанаа лавина од свирежи од гледалиштето.

Италија

Интер може и без првата ѕвезда во тимот Мауро Икарди, тимот од Милано веќе е во серија од три победи во низа, најпрво славеше на гостувањето кај Парма, откако Аргентинецот излезе од игра, само две минути подоцна Мартинез, кој го замени го постигна единствениот гол за победа, следа триумфи кај Рапид Виена во Лига Европа, а викендов и против Сампдорија.

Нероаѕурите ја добија незгодната Сампдорија на домашен терен и повторно му избегаа на својот ривал Милан со четири бода предност на третото место на табелата во Серија А, а еден момент од вчерашниот меч привлече големо внимание.

Сите се запознаени со ситуацијата во која се најде Икарди, во која голема улога играше неговата сопруга, а воедно и агент Ванда, па навивачите на Интер го кажаа своето мислење за нив откако обајцата, случајно, или не, беа покажани на видео бимот од мечот со Сампдорија, настанаа лавина од свирежи од гледалиштето...