24фудбал

Го прашаа зошто ја нема капитентската лента, Несторовски одговори: Исто како Икарди, побарав нов договор

28 годишниот македонски репрезентативец по само две минути минати на теренот успеа да го постигне водечкиот гол за неговата екипа, но, истиот гол не беше доволен за победа на Сицилијанците.

Македонија

Палермо не успеа да го добие веќе „добиениот“ меч со Бреша на домашен терен, откако Сицилијанците примија гол во самиот финиш на пресметката и прокоцкаа три бода.

Голот за почетно водство на Палермо го постигна Несторовски во 79. минута, а со ремито Палермо пропушти можност да го надмине тимот на Бреша на првото место на табелата во Серија Б, обете екипи имаат по 23 натпревари, но Бреша има 43 бода, односно бод повеќе во однос на Палермо.

Несторовски се пофали на социјалните мрежи за погодокот во петокот по асистенцијата на Трајковски, а на фотографијата интересна реакција, во шега имаше неговиот поранешен соиграч од Палермо, Алјаж Струна, Словенецот запраша зошто не ја гледа капитентската лента на неговата рака, а Македонецот се пошегува и случајот го спореди со ѕвездата на Интер, Мауро Икарди.

Истата приказна како со Икарди, побарав нов договор“ по што следеше и одговор на Словенецот кој му посочи дека го одбрал вистинското време за такво барање и притоа му честиташе.