24фудбал

Валенсија праќа скаути да го следат Димитриевски

Шпанските медиуми пишуваат дека Валенсија испраќала скаути да го следат македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски.

Шпанија

Димитриевски има одлични партии во дресот на Рајо Ваљекано со кои го привлекува вниманието и на поголемите клубови.

Последните информации од Шпанија велат дека Валенсија испратила скаути на натпреварите на Рајо Ваљекано против Леганес и Еспањол да го следат токму Димитриевски кои им е на списокот на потенцијални летни засилувања.

25-годишниот Димитриевски потпиша перманентен договор со Рајо Ваљекано до 2022 година.