24фудбал

Порано водеа војни, сега Мурињо вели дека Венгер е еден од најдобрите во светот

Иако често беа во војна во минатото, Жозе Мурињо вели дека Арсен Венгер е еден од најдобрите тренери во историјата.

Англија

Чести беа војните меѓу Мурињо и Венгер, Португалецот во една прилика го нарече својот ривал „специјалист за неуспех“, но јасно е дека тоа е само дел од психолошките игри.

Сега кога и двајцата се без работа, Мурињо има само пофалби за Венгер.

„Имало некои епизоди во минатото. Можам да зборувам само за себе. Навистина уживав во натпреварите. Но секогаш имаше вистинска почит“, изјави Мурињо.

„Тој има направено многу историја во Арсенал. Тука е и прехарот - непобедливите. Неверојатно. Одлична тренерска филозофија и речиси перфектен тим“.

„Тој е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот“.