24фудбал

Симеоне откри за кого беше наменет непристојниот гест и зошто го направи тоа

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се најде во центарот на вниманието по мечот со Јувентус поради непристојниот гест кога се фати за меѓуножјето и покажуваше кон трибината.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид го победи Јувентус со 2-0 и оствари голема предност пред реваншот во Торино.

Пред да дојдат до водството ВАР два пати реагираше на штета на Атлетико Мадрид иако одлуките беа сосема коректни. Во првиот случај досудениот пенал беше изваден надвор од шеснаесетникот, а во вториот случај беше поништен голот на Мората.

Откако Атлетико Мадрид конечно поведе, Диего Симеоне направи неприсотен гест, се фати за меѓуножјето и се сврте кон трибините. Се претпоставува дека тоа беше наменето за УЕФА е ВАР технологијата или пак за навивачите на Јувентус, но Чоло сигурно нема да го признаеа тоа па има своја верзија.

„Го имам направено тоа како фудбалер на мечот меѓу Лацио и Болоња и го направив тоа повторно за да им покажам на нашите фанови дека имаме муда. Не беше наменето за другиот тим, бев свртен кон нашите навивачи“, вели Симеоне.

„Тоа не беше убав гест, но почувствував дека треба да го направам. Натпреварот беше толку тежок, се боревме многу напорно и требаше да покажам што чувствувам“.

„Можам само да се извинам ако навредив некој, но тоа го направив од срце“.