24фудбал

Претседателот на Атлетико му одговори на Роналдо: Нема пет титули во Лигата на шампиони, има три!

Првиот човек на „колчонероси“, Енрике Серезо одговори на провокациите кои вчера ги упати Кристијано Роналдо, вели дека Португалецот нема пет титули во Лигата на шампиони, туку има три.

Лига на Шампиони

Португалецот вчера беше мета на навивачите на Атлетико, кои му скандкираа „Кристијано, ти си ку*вин син), па фудбалерот на Јувентус им одговори со тоа што им покажа пет прсти, порачувајќи дека има пет титули во Лигата на шампионите.

По крајот на мечот, на излегување од стадионот, кога Кристијано Роналдо помина покрај микс-зоната, играчот имаше нов гест и покажа дека тој има пет трофеи во најелитното европско натпреварување а Атлетико Мадрид ниту еден.

„Имам пет титули во Лига на шампиони, а овие момци (Атлетико) нула“ - им порача ЦР7 на новинарите кои бараа изјава.

Првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо денеска одговори на ваквите изјави и во интервју за радио ЦРЦ рече: „Според мене, Кристијано нема пет титули во Лигата на шампиони. Тој има три поради една едноставна причина, двете против Атлетико Мадрид тој не ги освои? Кој ги освои? На оваа тема ќе разговараме во друга прилика“.

Претседателот на „колчонероси“ потоа се осврна на поништениот гол на Мората и лудата прослава на Симеоне.

„Голот беше легален. Мислам дека многу посилно треба да го турнете Кјелини за тој да падне. За тоа ќе ви треба кран!“

„Што се однесува до прославата на Симеоне, тоа беше момент на радост. Ја разбирам реакцијата на „Чоло“, кој не сакаше да ги навреди Јувентините. Им се обрати на нашите фанови. За Атлети, ел Чолисмо е сè“.