24фудбал

Тимо Вернер се договорил со Баерн Минхен?

Извесно е дека Лајпциг на лето ќе нема многу период за размислување доколку не сака да остане со празни раце од напаѓачот кој со актуелниот договор се уште ќе има висока цена на трансфер пазарот.

Германија

Тимо Вернер наводно веќе ги договорил личните услови за трансфер во Баерн Минхен, пренесуваат одредени медиуми во Германија.

22 годишниот германски напаѓач беше поврзуван со неколку европски гиганти за летниот преоден рок, а освен Баерн Минхен, исто така се споменуваа и Ливерпул, ПСЖ, Барселона, како и Реал Мадрид.

Сепак, Билд тврди дека Вернер е на прагот да премине во редовите на германскиот првак, сепак, Баварците допрва треба да се договорат околу сумата која треба да ја платат како обештетување за Лајпциг, клуб со кој Вернер има важечки договор до идната година.

Пред самото влегување во последните 18 месеци од актуелниот договор, Лајпциг му ја достави и последната понуда на Вернер за продолжување на соработката, а главниот извршен директор на тој клуб, Оливер Минцлаф му испрати јасна порака “Потпиши, или ќе те продадеме“.

Иако му беше понудена двојно повисока плата, близу шест милиони евра по сезона, Вернер ја одби и таа понуда, а останува отворено само прашањето дали на крајот ќе го одбере Баерн Минхен, или ќе прифати некоја друга понуда, а Лајпциг нема избор, доколку не сака да остане со празни раце од фудбалерот кој се уште има висока цена на фудбалскиот пазар.