24фудбал

Солскјер девет недели спиеше во хотел а има куќа од 4 милиони фунти, проблем е тоа што кираџија му е Ван Дајк!

На Оле Гунар Солскјер очигледно ни на крај памет не му паѓало дека може да се врати на Олд Трафорд, па луксузниот дом во Манчестер му го рента на Вирџил ван Дајк од Ливерпул.

Англија

Норвежанецот во декември доби повик од „ѓаволите“ да го наследи Жозе Мурињо по серијата слаби резултати. И покрај тоа што има луксузен дом во Манчестер вреден 4 милиони фунти, Оле Гунар Солскјер се смести во хотелот Лоури, каде што престојуваше и Португалецот.

Причина за ова е тоа што кираџија му е дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Очиглендо на Солскјер ни на крај памет не му паѓало дека може да се врати на Олд Трафорд, па уште пред неколку години го ставил на продажба имотот, а откако не добил прифатлива понуда, решил да го изнајми на Ван Дајк.

„Оле живееше со неговото семејство на имотот додека настапуваше за Манчестер јунајтед, и кога се исели, го стави на продажба. Но кога никој не достави прифатлива понуда, местото беше понудено на кираџии. Ван Дајк кога направи трансфер во Ливерпул, дојде да го види и веднаш се вљуби. Оле веројатно не верувал дека ќе се врати во Манчестер, но сега е тука и иронично не може да се всели во куќата која ја поседува“ – вели извор за весникот „Сан“.

За разлика од Жозе Мурињо кој две ипол години престојуваше во Лоури и потроши 800.000 фунти, Норвежанецот во хотелот отседна девет недели, и минатиот месец си најде друга локација за престој.