24фудбал

Дежа ву, Вилијан го „клонираше“ ремек делото од слободен удар од пред четири години против Динамо Киев (ВИДЕО)

Вилијан ги запали социјалните мрежи откако вечерва против Динамо Киев погоди од слободен удар, голот е прекрасен, но уште поинтересно е тоа што погоди на сличен начин и пред четири години.

Лига Европа

Дежа ву за навивачите на Челси против Динамо Киев. Вилијан вечерва погоди од слободен удар и зголеми на 2-0 во 65. минута од мечот. Публиката на Стемфорд Бриџ веќе има видено ваква ситуација. Во 2015, кога Челси и Динамо Киев играа во Лигата на шамионите, Бразилецот од слична позиција погоди, тогаш во 83. минута од мечот.

Голот на Вилијан од 2015


Голотна Вилијан од 2019