24фудбал

Ван Гал се пензионираше

Довчерашниот фудбалски стратег вели дека иако и ветил на својата сопруга дека ќе се повлече на 55 годишна возраст, продолжил до 65, последниот негов ангажман беше пред три години на кормилото во Манчестер јунајтед.

Останато

Луис Ван Гал се повлекува од фудбалот, негов последен ангажман беше на кормилото на Манчестер јунајтед, а откако си замина од Олд Трафорд пред три години, не доби понуда која веројатно ќе го вратеше, а сега реши да стави крај со фудбалот и да се пензионира.

Мојата сопруга Трус се повлече од своето работно место пред 22 години, постојано ме следеше и поддржуваше низ земјите каде работев, и ветив дека ќе се повлечам кога ќе наполнам 55 години, но, наместо тоа продолжив до 65, колку што имам во моментов“ рече Ван Гал во интервјуто за ВТБЛ.

Довчерашниот холандски фудбалски стратег освои 20 трофеи во својата тренерска кариера, а ги предводеше екипите на Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, а беше и селектор на Холандија.