24фудбал

Лудите бројки на Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите

Кристијано Роналдо имаше уште една магична ноќ во Лигата на шампионите и со три погодока го однесе Јувентус во четвртфиналето, ЦР7 со овој учинок само ги подобри и онака лудите бројки во најелитното европско натпреварување.

Лига на Шампиони

Португалецот има срушено еден куп рекорди во Лигата на шампионите, каде е најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување. Дека овие мечеви му будат посeбни мотиви уште еднаш покажа синоќешниот дуел против Атлетико.

Јувентус беше на прагот на елиминација откако загуби со 2-0 во Мадрид, но Кристијано Роналдо имаше магична ноќ и со хет-трик ја однесе „Старта дама“ во четвртфиналето. ЦР7 со овој учинок само ги подобри и онака лудите бројки во најелитното европско натпреварување.

Кристијано Роналдо може да се пофали со 124 погодока постигнати на 160 меча во Лигата на шампионите.

Тој е инволвиран во 77 погодока на 77 натпревари во нок-аут фазата од Лигата на шампионите (63 погодока и 14 асистенции).

Португалецот учествуваше во последните 5 елиминации на Атлетико Мадрид под водство на Диего Симеоне (2014 финале, 2015 четвртфинале, 2016 финале, 2017 полуфинале и 2019 осминафинале).

ЦР7 има постигнато 25 погодока на 33 натпревари против Атлетико Мадрид во сите натпреварување. Само Севиља му е „поголем пациент“ против кого има 27 погодока.

Кристијано Роналдо е првиот играч на Јувентус кој постигнал барем 3 погодока на натпревар од нок-аут фазата во Лигата на шампионите во последните 20 години. Последен на кого му успеало ова е Алесандро Дел Пјеро против Монако на 1. април 1998 година.

Хет-трикот против Атлетико Мадрид беше негов 8-ми во Лигата на шампионите со што се изедначи со Лео Меси.