24фудбал

Не беше само Роналдо, сите резервисти на Јувентус му покажаа на Симеоне дека „имаат мад*ња“ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо по големиот триумф ја копираше прославата на Диего Симеоне, но ЦР7 не беше единствениот, фудбалерите на Јувентус кои не беа во протоколот го „поздравија“ Чоло со истиот гест уште во текот на мечот.

Лига на Шампиони

Со нова партија за паметење, Кристијано Роналдо синоќа го однесе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите. ЦР7 не ја заборави контроверзната прославата на Диего Симеоне од првиот натпревар, па по последниот свиреж направи сличен гест.

ЦР7 сепак не беше единствениот кој го „поздрави“ Чоло. На социјалните мрежи се појави видео од фудбалерите на Јувентус кои не беа во протоколот за вчерашниот меч но седеа зад клупата за резерви.

Кога Кристијано Роналдо го реализираше пеналот за 3-0, настана лудница на трибините каде беа и Барзаљи, Де Шиљо, Квадрадо, Даглас Коста, Алекс Сандро и Кедира. Па тие веднаш се свртеа кон Диего Симеоне и му покажаа дека „имаат мад*ња“.