24фудбал

Почетни состави за дуелите Барселона – Лион, Баерн Минхен – Ливерпул

Со вечерашните две реванш пресметки ќе се комплетира осминафиналната рунда од Лигата на шампионите, двата меча вечерва стартуваат од 0-0 со оглед на тоа што мрежите мируваа во првиот двобој.

Лига на Шампиони

Дербито на вечерта се игра во Минхен, каде Баерн на домашен терен го пречекува Ливерпул, се очекува интересна пресметка откако обете екипи одиграа без голови во првиот двобој, гостите со нешто поофанзивна тактика ќе настапат.

Шефот на стручниот штаб на Бундеслигашот, Нико Ковач се реши да игра во стандардната формациска поставеност од 4-2-3-1, со Рибери и Гнабри на крилните позиции, а Левандовски ќе биде најголемата опасност кон голот на Премиерлигашот.

Јирген Клоп на спротивната страна се одлучи за формација 4-3-3, напаѓачката тројка ја сочинуват Фирмино, Салах и Мане, а германскиот фудбалски стратег направи две измени во однос на последниот меч во Премиерлигата во победата над Барнли на Енфилд, Хендерсон и Милнер се вратија во тимот, ќе играат на средината од теренот, а Фабињо и Лалана мечот ќе го почнат од клупата за резервни фудбалери.


Баерн Минхен: Ноер, Шуле, Хумелс, Алкантара, Рибери, Мартинез, Левандовски, Родригез, Рафиња, Гнабри и Алаба.

Ливерпул: Алисон, Ван Дајн, Вијналдум, Милнер, Фирмино, Мане, Салах, Хендерсон, Робертсон, Матип и Александер-Арнолд.

Барселона е фаворит, но, никако не смее да се отпишува екипата која направи сензација во групната фаза, совладувајќи го силниот Манчестер Сити на негов терен, на Камп Ноу инаку се среќаваат две непоразени екипи од досегашниот тек во Лигата на шампионите.

Ернесто Валверде се реши за суперофанзивна тактика од 4-3-3, Кутињо, Меси и Суарез ќе го напаѓаат голот на францускиот тим, а на спротивната страна Бруно Женесио се реши за 4-3-1-2, со двоецот Дембеле и Депај во нападот.


Барселона: Тер Штеген, Пике, Ракитиќ, Бускетс, Кутињо, Артур, Суарез, Меси, Ленгле, Алба и Роберто.

Лион: Лопес, Денајер, Марсело, Дембеле, Депај, Дубоис, Фекир, Марчал, Менди, Ндомбеле и Тусар.