24фудбал

Против Манчестер јунајтед не успеа но вечерва извади маска од торбата и стана „Црниот партнер“ (ФОТО и ВИДЕО)

Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг очигледно е голем фан на стрип јунаците па вечерва на теренот против Рен славеше со маска на „Црвниот партнер“, новиот херој од универзумот на Марвел.

Лига Европа

„Топчиите“ се пласираа во четвртфиналето од Лига Европа откако вечерва пред своите фанови со 3-0 го совладаа Рен. Херој на домаќините беше Пјер Емерик Обамејанг, Габонецот два пати ја тресеше мрежата на противникот.

Напаѓачот исто така привлече внимание откако по вториот погодок, од торба зад реклманото пано извади маска на „Црниот пантер“, новиот херој од универзумот на Марвел. Тој дури ги прекрсти и рацете и направии „Ваканда засекогаш“, гест кој се користи во филмот за поздравување.

„Ми беше потребна маска која ме претставува мене. Тоа е „Црниот пантер“ и во Африка, во Габон, националниот тим го викаме Пантерите од Габон“ – вели напаѓачот кој додека играше во Борусија Дортмунд славеше со маски на Бетмен и Спајдермен.


Пјер Емерик Обамејанг сакаше на ваков начин да прослави и на дербито со Манчестер јунајтед, но тогаш не можеше да ја пронајде маската.

„Испланирав специјална прослава но не можев да ја најдам маската. Замолив еден човек од персоналот да ја стави зад голот, но не можев да ја најдам. Ништо страшно. Можеби следниот пат ќе прославам“.