24фудбал

УЕФА го промени дуелот Барселона – Манчестер јунајтед, дали „ѓаволите“ и Солскјер останаа без клучна предност?

Манчестер јунајтед е приморан првиот натпревар со Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите да го игра на Олд Трафорд и покрај тоа што според ждребот „каталонциите“ требаше да бидат домаќини.

Лига на Шампиони

УЕФА го промени распоредот на двомечот помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед. Според ждрепката, „каталонците“ требаше да бидат домаќини на првиот натпревар, а реваншот да се игра на Олд Трафорд.

Но поради Манчестер Сити, Манчестер јунајтед сега ќе биде домаќин на првиот натпревар а патникот во полуфиналето ќе се решава на Камп Ноу.

Причина за ова е тоа што УЕФА не дозволува во еден ист град да има два меча во иста вечер или пак два меча во две последователни вечери. „Граѓаните“ и „ѓаволите“ во ждрепката беа извлечени како гости, па тоа значеше дека ќе мора да биде променет распоредот.

Бидејќи Манчестер Сити минатата сезона заврши пред Манчестер јунајтед во Премиерлигата, правилата налагаат на „ѓаволите“ да им се промени распоредот.

Обично се вели дека е подобро реваншот да се игра на домашен терен, па Оле Гунар Солскјер и Манчестер јунајтед можеби останаа без клучна предност во пресметката со Барселона.

Но „ѓаволите“ во Париз покажаа дека можат да се носат со притисокот и го елиминираа ПСЖ со голема победа од 1-3 како гости во реваншот.