24фудбал

ПСЖ со парична казна за Мбапе поради недисциплина

Младиот напаѓач инаку ја прифати казната потпишувајќи и документ за тоа, паричните средства кои беа издвоени ќе одат на сметка на фондацијата на ПСЖ.

Франција

Килијан Мбапе ќе мора да ја плати цената поради потегот кој сигурно го налути раководството на францускиот првак ПСЖ, откако младиот напаѓач задоцнил на тимскиот собир, а покрај него, казнет поради истата причина е воедно и Адриен Рабио, висината на казната изнесува 180,000 евра.

Тоа се случи во октомври ланската година, а тимот од Париз одлучи обајцата фудбалери парично да ги казни, тие парични средства се веќе издвоени од платите на двајцата фудбалери и префрлени во фондацијата на ПСЖ.

Младиот Мбапе ја прифати одговорноста за лошиот и пред сенедисциплиниран потег, а воедно потпиша и документ за да ја прифати казната, што се однесува пак до Рабио, за него ова е уште една епизода во неговата лоша година во редовите на францускиот првак каде од поодамна е на излезна врата.