24фудбал

Револуцијата на Инфантино за бројот на учесници на Светските првенства пред реализација

Големиот новитет во форматот на Светското првенство кој ја отвора ширум вратата за поголем број учесници, ќе почне да функционира од следниот Мундијал кој во 2022. година е предвиден да се одигра во Катар, но, оваа препорака треба да се официјализира на лето.

Останато

Усвоена е препораката за проширување на Светското првенство, односно зголемување на бројот на репрезентациите учесници на Мундијалите во иднина, оваа препорака мина позитивно на заседанието на советот при ФИФА одржано денеска во Мајами.

Првиот човек на светската фудбалска федерација, Џани Инфантино подолг период се залага за таа идеја, Сепак, за конечната одлука околу оваа препорака ќе мора да се сочека до јуни, кога треба да се одржи конгресот на ФИФА во Париз, сепак, усвоената препорака денеска во Мајами е најава за големи промени на Светските првенства.

Челниците на ФИФА во следните два месеци ќе имаат разговори со Катар, следниот домаќин на Мундијалот во 2022. година, токму Катар треба да го има клучниот збор во јуни, а како за потсетување, ФИФА ланската година одлучи бројот на учесници на завршниот турнир на Светското првенство во 2026. година, каде организатори се САД, Канада и Мексико, да брои 40 учесници.

Доколку се реализира идејата, Светското првенство од 32 учесници ќе се зголеми на 48, а освен тоа, се донесе и одлука за Светското првенство на клупски план, кое наместо во декември, од 2021. година ќе се одржува во јуни и јули на секои четири години, а против оваа идеја се противи пак Европската асоцијација на клубови, од каде се заканија дека клубовите од Стариот континент нема да учествуваат на тоа натпреварување, а како причина за тоа наведоа дека фудбалерите ќе биде преморени во текот на летната пауза.