24фудбал

АМС нема да има претставник на утрешното собрание на ФФМ

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски најави дека нивен претставник нема да присуствува на утрешното генерално собрание на ФФМ и побара од фудбалските власти да го усогласат статутот со законот за спорт.

Македонија

Утре во Охрид ФФМ ќе одржи собрание на кое треба да биде избран Муамед Сејдини за нов претседател на федерацијата. Но, на денешна прес конференција АМС најави дека нема да има свои претставник.

Тие веќе некое време бараат од ФФМ да го усогласи статутот со законот за спорт. Според фудбалската федерација промените кои треба да се направат не се во согласност со статутите на УЕФА и ФИФА. 

АМС од ФФМ бара да ги направат статутарните промени пред почетокот на собранието, во спротивно ќе го сметаат за нелегитимно.

„Не сакаме да преудицираме, ќе почекаме да видиме што ќе се случи на собранието на ФФМ, доколку не го направат тоа како што треба, АМС ќе ги преземе сите мерки, а постои можност и за одземање на решението за дејност спорт. Обврска на сите национални федерации е да го усогласат статутот со законот за спорт “, изјави директорот на АМС, Дарко Каевски. 

Војната меѓу АМС и ФФМ кулминира во овој период, конечната разврска се очекува во престојниот период.

Проверете го викенд тикетот на BetAdria.com.