24фудбал

Борусија Дортмунд со гол во завршницата до победа над Херта, Ројс ги смести Милионерите на врвот (ВИДЕО)

Со гол во судиското продолжение, тимот на Борусија Дортмунд се искачи на врвот од табелата во Бундеслигата со три бода предност над Баерн Минхен, кој утре ќе се израмни по бројот на натпревари.

Германија

Марко Ројс е херојот на Борусија Дортмунд која со пресврт стигна до посакуваните три бода од дерби дуелот со Херта во рамките на 26 коло од најсилниот германски фудбалски шампионат.

Милионерите иако губеа со 2-1, на крајот успеаа да стигнат до победа и тоа најмногу благодарение на Ројс кој со гол во судиското продолжение донесе исклучително важни три бода за својот тим.

Калу уште во 4. минута донесе почетно водство за Херта, но, радоста за домаќините траеше само десет минути откако Делани израмни на 1-1. Сепак, Калу повторно погоди, овој пат од пенал во 35. минута, а Херта со предност од 2-1 замина на паузата.

Во второто полувреме Загаду по само две минути игра во вториот дел израмни на 2-2, а Ројс ги постави конечните 2-3 во корист на гостинскиот табор кој со 60 бода има три бода предност во однос на второпласираниот Баерн Минхен.


Резултати од останатите натпревари денеска: Шалке 04 – Лајпциг 0:1, Штутгарт – Хофенхајм 1:1, Аугзбург – Хановер 3:1, Волфсбург 5:2. Вчера Борусија Менхенгладбах и Фрајбург ремизираа со 1-1.

Утре се среќаваат: Баер Леверкузен – Вердер (13,30), Ајнтрахт Франкфурт – Нирнберг (15,30) и Баерн Минхен – Мајнц (18,00).

Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.