24фудбал

Ливерпул го победи Фулам и повторно е на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Ливерпул со 2-1 победи на гостувањето кај Фулам и се врати на првото место во Премиерлигата но има и натпревар повеќе од Манчестер Сити.

Англија

Ливерпул дојде до планираните три бода од натпреварот против Фулам иако во финишот стравуваше дека нема да ја оствари победата.

Црвените дојдоа во водство со гол на Мане во 26. минута по асистенција од Фирмино.

Во 74. минута Ван Дајк лошо му ја врати топката на Алисон, Рајан Бабел го искористи тоа и го изедначи резултатот на 1-1.

Шест минути подоцна голманот Рико го фаулираше Мане, судијата покажа на белата точка за Ливерпул, Милнер даде гол за ново водство и победа од 2-1.

Ливерпул сега има два бода повеќе од Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола има натпревар помалку.