24фудбал

Евертон го победи Челси и му зададе удар во битката за топ 4 (ВИДЕО)

Евертон со 2-0 го победи Челси на Гудисон Парк, тимот на Маурицио Сари изгледаше немоќно.

Англија

Челси одигра лош натпревар во Ливерпул и сосема заслужено загуби од Евертон.

Мрежите мируваа во првиот дел, резултатот беше отворен по четири минути игра во второто полувреме кога во една мешаница најдобро реагираше Ришарлисон кој погоди за водство на Евертон од 1-0.

Во 72. минута беше досуден пенал за Евертон, Кепа го одбрани ударот од белата точка на Сигурдсон но топката повторно дојде до него кој овој пат не погреши и му донесе водство на својот тим од 2-0.

Челси јалово се обидуваше да се врати во натпреварот, речиси и да не создаде посериозна шанса.

По 30 одиграни меча Челси е на шестото место со бод помалку од Манчестер јунајтед, три од Арсенал и четири од Тотнем.