24фудбал

Жешко на клупата на Милан, Кеси сакаше да се тепа со Биља, соиграчите спречија инцидент (ВИДЕО)

Играчите на Милан, Франк Кеси и Лукас Биља имаа срамни моменти за време на дербито, да не беа нивните соиграчи ќе се случеше и физичка пресметка меѓу нив.

Италија

Инцидентот се случи во второто полувреме од мечот меѓу Милан и Интер кога Кеси излегуваше од игра, а Биља кој не ни играше и веќе беше седнат на играта му дофрли нешто.

Исфрустрираниот Кеси тргна да се тепа со Биља, но соиграчите застанаа меѓу нив и спречија поголем инцидент.