24фудбал

Меси по овациите од навивачите на Бетис: Ова никогаш не ми се случило досега, премногу сум им благодарен (ВИДЕО)

Аргентинецот јавно се заблагодари на овациите кои ги доби од навивачите на Бетис кои неуморно му аплаудираа на мајсториите кои ги прикажа во победата на Каталонците која ја донесе токму тој.

Шпанија

Лионел Меси постигна хет-трик во победата од 1-4 на Барселона на гостувањето кај Бетис, а со тоа Каталонците се издвоија на врвот од табелата во шпанската Примера, со што се уште поблиску до овосезонската титула во најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија.

Сепак, од победата на Каталонците кај Бетис секако остана запаметена реакцијата на навивачите на Бетис кои станаа и ја поздравија со овации првата ѕвезда на Барселона по неговите фантастични перформанси, на што тој самиот се заблагодари по мечот.

Премногу сум им благодарен“ рече Меси по натпреварот.

Тоа никогаш ми се нема случено претходно, тие секогаш не третираат нас добро, и покрај фактот што сме ривали“ посочи Аргентинецот.

А за оние кои ги пропуштија овациите за Аргентинецот, еве прилика да ги видат...