24фудбал

Дешам го закажа собирот на „триколорите“ во 12 часот, Канте се појавил во 6:30 наутро!

Нголо Канте уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност во Франција, фудбалерот на Челси се пријави на должност со репрезентацијата шест часа порано од договореното.

Останато

Фудбалерот од средниот ред е еден од најомилентие ликови во светот на фудбалот, со неуморната работа на теренот, ведриот дух и скромноста ги освои симпатиите на сите.

Тој уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност во Франција откако се пријави на должност со репрезентацијата дури шест часа порано од договореното.

Како што пренесуваат Лекип и уште неколку други медиуми, Нголо Канте се појавил во тренинг кампот на „триколорите“ во 6:30 наутро, а Дидје Дешам собирот го закажал за во 12 часот.

Порано се појавил и Кингсли Коман, фудбалерот на Баерн Минхен пристигнал еден час порано, односно околу 11 часот.