24фудбал

Икарди: Милано е само црно и сино (ФОТО)

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, ден по градското дерби преку својот инстаграм профил му даде поддршка на тимот иако веќе подолго време не игра.

Италија

Икарди не беше на Сан Сиро на големото дерби меѓу Милан и Интер под изговор дека добива третман на коленото.

Но, откако му ја земаа капитенската лента тој нема одиграно меч за Интер, има недоразбирања со раководството на клубот, веројатно околу евентуалниот нов договор.

Но и покрај тоа, Икарди постираше фотографија од катедралата во Милано, обоена во црно и сино на која пишува: Милано е само црно и сино.