24фудбал

Варан си заминува од Реал Мадрид?

Се чини дека летниот преоден рок е убава можност за Французинот конечно да се пресели на Островот каде еден Премиерлигаш веќе подолг период пријавува интерес за неговите услуги.

Шпанија

ЛЕкип известува дека дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан веќе го информирал раководството на шпанскиот гигант дека размислува како понатаму во својата кариера, а не е отфрлено негово заминување од тимот.

Доколку се остварат најавите, извесно е дека новиот предизвик на Варан би бил Манчестер јунајтед, тој подолг период се поврзува со Премиерлигашот од Олд Трафорд, кој би можел да издвои дури до 100 милиони евра за да го добие неговиот потпис.

25 годишниот француски репрезентативец во Мадрид пристигна во 2011. година од Ленс, досега реализираше 268 настапи за првиот состав на Кралевите, постигнувајќи и 12 погодоци, а освои и 16 трофеи, меѓу кои и четири во Лигата на шампионите.