24фудбал

Балканизацијата во Интер продолжува со Џеко?

Искусниот босански голгетер е опција која Интер сериозно ја разгледува за во летниот преоден рок, Икарди е на излезна врата од Милано веќе подолг период, особено по последните случувања со Аргентинецот.

Италија

Според информациите кои ги објави Газета дело Спорт, се вели дека Един Џеко е прв избор на Интер, во случај Нероаѕурите да го загубат Мауро Икарди во летниот преоден рок, опција која е доста веројатна дека ќе се случи.

Весникот тврди дека во тимот од Милано постои стравување дека на лето ќе останат без првата ѕвезда во својот состав, а веќе иницирале контакт со претставниците на 33 годишниот босански напаѓач од редовите на Рома.

Секако, Интер ќе мора да разговара и со Рома доколку сака да ги обезбеди услугите на Босанецот, за кого Римската волчица би барала под 30 милиони евра обештетување, според информациите кои ги објави Газета дело спорт.

Џеко постигна 85 погодоци во 169 настапи во дресот на Рома откако дојде од Манчестер Сити во 2015. година, вклучувајќи ја и оваа сезона.

Балканизацијата во Интер е една доста интересна тема помеѓу љубителите на фудбалот, а особено оние кои навиваат за Нероаѕурите, дури петмина Балканци има во составот на италијанскиот прволигаш од кои четворица имаат исклучително голема улога во тимот.

Хандановиќ (Словенија) стана капитен откако таа улога му беше одземена на Икарди, а понатаму се Врсаљко, Брозовиќ, Перишиќ (Хрватска), како и младиот 19 годишен Словенец Мај Рориќ кој се уште нема настап за сениорскиот состав.