24фудбал

Рајан Гигс возврати на критиките од Ибрахимовиќ

Рајан Гигс брзо му одговори на Златан Ибрахимовиќ кој ги критикуваше поранешните играчи на Манчестер јунајтед затоа што многу негативно зборуваат за случувањата во клубот.

Англија

Златан Ибрахимовиќ ги критикуваше фудбалерите на Јунајтед од класата 92 за нивните коментари за Манчестер јунајтед.

Дејвид Бекам, Пол Сколс, Гери Невил, Фил Невил, Ники Бат и Рајан Гигс ја сочинуваат легендарната класа 92 на Манчестер јунајтед.

Од нив само Ники Бат во моментов работи во клубот, тој е директор на академијата. 

Ибрахимовиќ изјави дека тие подобро да побараат работа во клубот отколку да ги промовираат своите негативни гледишта, но Гигс размислува поинаку.

„Кога ќе одиграте повеќе од 2000 натпревари (мечевите на сите играчи од класата 92) за Манчестер јунајтед заедно, можеме да имаме сопствено мислење“, вели Гигс.

„Понекогаш коментарите се позитивни, некогаш се негативни, но мислам дека тоа не се одразува на резултатите. Ние сме навивачи на клубот, заедно со другите поранешни фудбалери кои се на тв или на радио“.

„Во фудбалот нормално е да имате различни размислувања. Но очигледно Ибрахимовиќ повеќе го знае клубот отколку ние“.