24фудбал

Сестрата на Гризман: Доколку постои клуб со кој сме во постојан контакт, тоа е...

Во екот на веројатно најголемите шпекулации поврзани со иднината на Французинот, неговата сестра говорејќи за Л'Екип се произнесе околу тоа кој е единствениот клуб со кој претставниците на фудбалерот се во постојан контакт.

Шпанија

Првата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман нема никакви преговори или најмалку контакт со челниците на Барселона околу можен трансфер во таа екипа, тврди неговата сестра, а сево ова доаѓа откако познато е дека откупната клаузула на Французинот на лето ќе падне на 120 милиони евра.

Французинот често се поврзува со трансфер на Камп Ноу, така беше и претходно, но, тој се одлучи да стави потпис на нов договор со Јорганџиите ланското лето и да стави крај, барем за момент на разните шпекулации околу неговата иднина.

Веројатно елиминацијата на Атлетико Мадрид уште во осминафиналето од Лигата на шампионите донесе нови шпекулации за неговата иднина, а неговата сестра Мауд Гризман, тврди дека тој е целосно фокусиран на тимот од Мадрид во моментов, и ако постои некој клуб со кој тие се во постојани преговори, тоа е токму Атлетико Мадрид и никој друг.

Антоан е разочаран поради елиминацијата, секако негова голема желба е во неговиот престој во клубот да стигне до трофејот од Лигата на шампионите“ рече Мауд за ЛЕкип.

Тој е едноставна личност, исто како и неговите соиграчи, тренерот, челниците на клубот и навивачите на истиот. Можеби заморно е да се читаат секојдневни нови шпекулации за него, околу тоа што тој мисли за понатаму и слично“ додаде таа.

Единствениот човек кој во моментов се грижи за интересите на мојот брат овие две години сум јас, мојот татко, Алан и секако нашиот адвокат, Севан Кариан. Доколку постои клуб со кој сме во постојан контакт во моментов, тоа е Атлетико Мадрид и никој друг“ заклучи таа.