24фудбал

МД го нападна Винисиус: Лаже! Имаше договор со Барса но се пишмани откако Реал му понуди повеќе пари!

Синоќешната изјава на Винисиус Жуниор дека го одбрал Реал наместо Барса и покрај тоа што клубот од Камп Ноу му понудил повеќе пари не помина добро во Каталонија, весникот Мундо Депортиво остро го нападна младиот Бразилец и вели дека ситуацијата била обратна.

Шпанија

Младата ѕвезда на „кралевите“ имаше интервју за емисијата „Ел Ларгеро“ на Кадена СЕР каде откри зошто го одбрал Реал Мадрид а не Барселона. Винисиус Жуниор рече дека Барселона му понудила повеќе пари, но тој бил привлечен од проектот на Реал Мадрид.

Ваквите изјави не поминаа добро во Каталонија, па Мундо Депротиво остро го нападна младиот Бразилец. Весникот раскажува како се одвивале преговорите и вели дека родителите на играчот и неговите агенти си подале рака со директорот на Барса, Раул Санљехи за трансфер на Камп Ноу според кој „каталонците“ на Фламенго ќе му плателе 30 милиони евра.

МД вели дека Барса повеќе од три години го следела прогресот на Винисиус Жуниор, најпрво човекот од доверба во Јужна Америка, Андре Кури, а потоа и Пеп Сегура и Пеп Боада посетиле голем број на натпревари на Фламенго и младинските репрезентации на „кариоките“.

Винисиус Жуниор и неговото семејство биле во Барселона, ја посетиле популарната „Ла Масиа“, се запознале со целата инфраструктура и од ложата на Камп Ноу го следеле мечот против Севиља. Тогаш сите во Барселона верувале дека работата е завршена, но се случило предавство. 

Флорентино Перез го искористил своето пријателство со агентот Вагнер Рибиеро, веднаш била договорена средба и претседателот на Реал Мадрид понудил 45 милиони евра за Фламенго како и 16 милиони евра на име провизија, 8 милиони евра за Винисиус Жуниор и неговото семејство и 8 милиони евра за агентите. Па Мундо Депортиво прашува како тоа Барса нудела повеќе пари, кога Реал на крајот искеширал 61 милион евра за играчот, а Барселона требала да одвои 30 милиони евра.

Весникот исто така потсеќа на изјави на Винисус од 2017, пред да потпише за Реал Мадрид. Тогаш во разговор за Глобо, Бразилецот во два наврати кажува дека Меси е подобар играч од Роналдо, и признава дека идол му е Нејмар, кој тогаш се уште беше дел од Барселона. Тој исто така кажал дека на Плејстејшн секогаш игра со Барселона.