24фудбал

Димитриевски доби нов тренер, Пако Хемез ќе го спасува Рајо

Пако Хемез е назначен за нов тренер на Рајо Ваљекано, тој ќе се обиде во последните кола од Примера да обезбеди опстанок на тимот.

Шпанија

По серијата порази, Рајо Ваљакано му даде отказ на тренерот Мичел, а денеска го соопшти името на неговиот наследник, Пако Хемез.

„Пако Хемез официјално е новиот тренер на првата екипа на Рајо Ваљекано, тој потпиша договор до 30 јуни 2020 година“, стои во соопштението на клубот.

Пако Хемез во својата тренерска кариера најмногу се задржал токму во Рајо Ваљекано каде бил тренер од 2012 до 2016 година.

На десет кола до крајот, Рајо Ваљакано е претпоследен со шест бода помалку од Виљареал и Ваљадолид кои со 29 се во безбедната зона.