24фудбал

Седлоски: Драго ми е што мојот рекорд го стигна фудбалер како Пандев, му бев капитен, беше доста дисциплиниран

Популарниот Седло не крие дека му е драго тоа што фудбалер како Пандев го стигна до јубилејната бројка настапи во националниот фудбалски тим на нашата земја, посочи дека тој Пандев бил доста дисциплиниран во периодот кога ја имал капитентската лента.

Македонија

Капитенот на нашиот најсилен фудбалски состав, Горан Пандев вечерва бележи голем јубилеј во нашиот национален тим, на мечот со Летонија ќе го запише својот 100ти настап за Македонија, а со тоа ќе стане вториот играч со 100 настапи за Македонија по Гоце Седлоски.

Поранешниот капитен го коментираше големиот јубилеј за Пандев, велејќи дека му е драго што фудбалер како него стигнал до тој учинок, додавајќи дека Пандев постојано ги слушал неговите совети претходно, алудирајќи на тоа дека бил доста дисциплиниран во составот.

Драго ми е што мојот рекорд со настапи во репрезентацијата го стигна еден таков фудбалер како Пандев. Воопшто не е лесно да се одиграат 100 натпревари за репрезентацијата. Јас долги години му бев капитен и секогаш ги слушаше моите совети“ изјави Седлоски.

Се радувам за него и за неговите успеси на репрезентативен и клупски план, каде освои сешто можеше да се освои“ додаде популарниот Седло.

Мечот со Летонија нашите фудбалери го играат вечерва со почеток од 20,45 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Освен Летонија, наши противници во квалификациската група „Г“ се уште и Австрија, Израел, Полска и Словенија, против која играме во недела во второто коло на гостински терен.