24фудбал

Синоќа флертуваше со Реал, сега и намигна на Барселона, Погба откри зошто често ги гледа „каталонците“

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба вели дека Барселона е еден од најдобрите клубови во светот, открива дека често ги гледа „каталонците“ бидејќи може да научи нешто ново.

Шпанија

Французинот синоќа крена прашина откако од кампот на Франција изјави дека сонува за настап во Реал Мадрид и работа под водство на Зинедин Зидан. Неполни 24 часа подоцна, тој сега упати пофалби за вториот гигант од Шпанија, Барселона, против кого ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Барса е тим кој многу често го гледам. Како фудбалерот од средниот ред, секогаш можете да научите нешто ново од нив. Нивниот систем, нивната култура... секогаш може да ми помогне“  - вели Пол Погба.

„Барселона е голем клуб, еден од најдобрите во светот. Имаат многу одлични играчи, и еден исклучителен (Меси) кој е далеку пред сите“.

„Сакам да се забавувам кога ќе се сретнеме. Да се игра против еден од најдобрите тимови во светот секогаш е задоволство. Загубив од нив во финалето од Лигата на шампионите (во 2015 со Јувентус), па ова ќе биде специјален меч“.