24фудбал

Навивачите на Лидс со реакции по голот на Алиоски: Македонскиот Меси (ФОТО)

Како и секој меч на Македонија, така и на синоќешниот, фановите на Чемпионшиплигашот под будно око го проследија настапот на популарниот Џани, а потоа имаа и реакции на социјалните мрежи.

Македонија

Фудбалерот на Лидс а воедно и македонски репрезентативец, Езгјан Алиоски синоќа погоди во победата од 3-1 на нашата репрезентација против Летонија на стартот од квалификациите за ЕП 2020.

Ѕвездата на Лидс ги одигра сите 90 минути од пресметката на Филип Втори арената во Скопје, имаше импресивно издание, а секако неговиот гол беше забележан и на Островот.

Алиоски го покажа најдоброто од себе во голот со кој се отвори резултатот во наша полза, истрча повеќе од 50 метри со фантастичен спринт и донесе почетна радост за Македонија, а еве ги реакциите на фановите на Лидс, од кои едниот беше „Македонскиот Меси“, а секако не остана и позитивната забелешка од таа ситуација кога избегна офсајд замка и остана во линија со противничките фудбалери...