24фудбал

Џенова испрати честитка до Пандев: Феноменален човек и фудбалер, гордоста на Македонија, заслужуваш аплауз од сите (ФОТО)

Џенова му честиташе на Горан Пандев за големото постигнување и натпреварот број 100 во дресот на репрепрезентацијата на Македонија.

Македонија

Капитенот на „црвно-жолтите“ синоќа славеше убав јубилеј, против Летонија го одигра натпреварот број 100 во дресот на Македонија.

Па Џенова реши да го одбележе големото постигнување на Горан Пандев и испрати честитка до напаѓачот преку социјалните мрежи.

„Пандев го одигра 100. натпревар за репрезентацијата. Честитки Горан, феноменален човек и фудбалер. Ти си гордоста на твојата Македонија. Заслужуваш аплауз од сите во меѓународниот фудбал“ – гласеше пораката на Твитер.