24фудбал

Селекторот на Аргентина: Разговарав со Икарди и му ја посочив причината зошто е изоставен

Гаучосите вечерва ќе одиграат контролен меч со Венецуела во кој настап ќе има и првата ѕвезда на тимот Меси, сепак, во составот на Скалони немаше место за Икарди, а селекторот на Аргентина лично му ја посочил причината за таквата одлука на напаѓачот на Нероаѕурите.

Останато

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони признава дека ситуацијата со напаѓачот на Интер, Мауро Икарди не е идеална, но инсистира на тоа дека тој би можел да биде повикан за натпреварите во Копа Америка.

Икарди беше изоставен од последниот состав на Аргентина откако тој мина 36 денови без тренинг и натпревар за Интер.

Разговарав со Мауро пред да го објавам составот и му објаснив за мојата одлука зошто не е повикан“ рече Скалони.

Тоа што се случува со него директно влијае и на нашиот национален тим, помеѓу сега и натпреварите во Копа Америка, ние ќе ги следиме случувањата околу него и додатно ќе одлучиме дали да го повикаме или не“ посочи тој.

Во меѓувреме, соиграчот на Икарди од редовите на Нероаѕурите е повикан во составот на Гаучосите за вечерашната пресметка со Венецуела, па токму тој ќе му прави друштво на Лионел Меси во нападот во контролниот меч.

Составот на Аргентина: Армани; Таљафико, Лисандро Мартинез, Фојт, Меркадо, Монтиел, Ло Селс, Паредес, Гонзало Мартинез, Меси, Лаутаро.