24фудбал

Меси се врати, Аргентина загуби од Венецуела! (ВИДЕО)

Враќањето на Лео Меси во составот на Аргентина не беше според планот, гаучосите загубија од Венецуела со 3-1.

Јужна Америка

Аргентинската јавност беше возбудена за враќањето на Меси во националниот тим, но по мечот со Венецуела доживеаа ново разочарување. Доброто е што ова беше само пријателски натпревар.

Со голови на Рондон и Муриљо, Венецуела уште по првото полувреме водеше со 2-0.

По 15. минути игра Лаутаро Мартинез го намали резултатот на 2-1 и ја врати Аргентина во живот. Но во 75. минута Мартинез реализираше пенал за конечна победа на Венецуела од 3-1.

Лео Меси ги одигра сите 90 минути но не успеа да помогне на својата репрезентација да остварат позитивен резултат.