24фудбал

Аргентина не е Барса, акцијата која најдобро доловува зошто Меси се мачи во дресот на „гаучосите“ (ВИДЕО)

Лео Меси по 256 дена се врати во репрезентацијата на Аргентина, но и покрај тоа, „гаучосите“ вчера беа изненадени и загубија со 1-3 во пријателскиот меч против Венецуела.

Останато

Напаѓачот често е критикуван поради тоа што не може да ја повтори формата од Барселона во репрезентацијата. Лео Меси во дресот на Аргентина е непрепознатлив, па два пати размислуваше за пензија, еднаш по поразот од Чиле во финалето од Купа Америка и втор пат по лошиот настап на Светското првенство во Русија.

Сепак, тој не се откажува од сонот за успех во дресот на „гаучосите“ и два пати се предомислува. По пауза од 256 дена, Лео Меси синоќа се врати во составот на Аргентина, но мечот не помина според планот, Венецуела приреди изненадување и славеше со 1-3.

Па повторно се вратија дискусиите дека Лео Меси е добар само во Барселона. Ваквите констатации можеби се точни, но вината не лежи само во напаѓачот, туку и во федерацијата и селекторот, кои никако не можат да склопат квалитетен тим кој ќе биде на нивото на првата ѕвезда.

Една акција од финишот на мечот најдобро доловува зошто Меси се мачи толку многу во дресот на Аргентина. Бенедето се обиде да го копира Суарез и фамозната асистенција на Уругваецот со пета на мечот против Бетис. Нема потреба за коментар како изгледаше тоа, треба само да го погледнете краткото видео.