24фудбал

Азар се присети на денот кога го напушти мечот и замина да јаде хамбургер: Така станав легенда кај „ѓаволите“!

Еден Азар се подготвува за убав јубилеј и натпреварот број 100 во дресот на Белгија, фудбалерот на Челси се присети на еден момент од 2011 кога замина да јаде хамбургер додека мечот се уште се играше.

Останато

Еден Азар сега е прва ѕвезда и капитен на „ѓаволите“ но кога имаше 20 години и беше само надежен играч направи голем инцидент по кој беше суспендиран. Во 2011, Белгија играше натпревар против Турција во квалификациите за ЕП 2012, плејмејкерот не блескаше на теренот, па беше повлечен од игра по 60 минути.

На Еден Азар не му се допадна оваа одлука на тогашниот селектор Лекенс, па без да се поздрави со него директно се упати во соблекувалната. Приказната не завршува тука, со оглед на тоа дека камерите го уловија играчот како со својот татко и пријателите јаде хамбургер во еден ресторан во близина на стадионот додека се уште траеше мечот помеѓу Белгија и Турција.

Еден Азар сега се подготвува за убав јубилеј и натпреварот број 100 во дресот на Белгија, па фудбалерот се присети на овој момент.

„Таа вечер направив голема глупост. Приказната за хамбургерот, често се шегуваме за ова, така станав легенда кај „ѓаволите“. И ден денес не можам да одолеам на сосот. Мајка ми кога доаѓа во Лондон секогаш ми носи“ - вели играчот на Челси со насмевка на лицето.

Запрашан уште колку долго планира да ги брани боите на репрезентацијата, тој вели: „Не сум поставил цел. Секогаш сум велел дека ќе играм се додека моето тело го дозволува тоа. Но исто така зависи и од новата генерација на играчи. Доколку забележам дека некој млад играч го заслужува моето место, ќе заминам. Таков е фудбалот, постарите подзапираат, а младите притискаат. Кога пристигнав, сигурно му го зедов местото на некој друг“.