24фудбал

Најк е причината зошто Де Јонг го одби ПСЖ и потпиша за Барселона

Маркетингот одиграл голема улога, можеби и клучна во трансферот на младиот Холанѓанец на Камп Ноу, велат извори за ЕСПН, се додава дека токму тоа е причината за одлуката на Де Јонг да го одбие ПСЖ и да потпише за Барселона.

Шпанија

Најк одиграл клучна улога во одлуката на младиот Френки де Јонг да го одбие ПСЖ и да се одлучи да потпише за Барселона, велат извори за ЕСПН.

Компанијата гигант за спортска опрема, која е спонзор на Барселона и Де Јонг, ќе плати голем дел од платата на фудбалерот од средниот ред, пишува претходно наведениот медиум од извори блиски до клубот.

Минатиот месец, Де Јонг се согласи да премине од Ајакс во Барселона за 75 милиони евра, а на Камп Ноу ќе се пресели на лето, претходно, во јануари ЕСПН пренесе дека постои голема самодоверба кај ПСЖ дека ќе ја добие битката со Барселона и Манчестер Сити за младиот Холанѓанец.

Како и да е, стана сосема јасно дека Барселона влезе во пол позиција за Де Јонг откако испрати своја делегација во Амстердам за да се сретне со претставниците на фудбалерот и самиот тој.

Изворите за ЕСПН велат дека Најк инвестирал голема сума на пари во овој случај, а се верува дека оваа инвестиција ќе им биде од голема важност во текот на престојот на 21 годишниот Де Јонг во Барселона.

Во поглед на маркетингот, Најк побарал од Де Јонг да го користи неговото име, наспроти презимето на задниот дел од дресот на Каталонците, но, тој возвратил дека не е сигурен дека тоа ќе функционира.

Најк и Барселона имаат блиски односи од 1998. година, во 2016. година тие го продолжија своето партнерство до 2028. година, а клубот добива 105 милиони евра на годишно ниво, дополнително и бонус кој може да достигне и до 160 милиони евра доколку одредени услови се исполнат.