24фудбал

Марка: Пол Погба е сериозен да игра за Реал Мадрид идната сезона

Французинот за момент „флертуваше“ со Кралскиот клуб, наведувајќи во една негова изјава дека тоа е клуб од соништата, а Зинедин Зидан тренер од соништата, додавајќи дека во периодот кој претстои не знае иднината што ќе донесе.

Шпанија

Деновите на Пол Погба во Манчестер јунајтед можеби се изброени, откако фудбалерот од средниот ред и неговиот агент Мино Рајола бараат нова рута вон тој клуб, пишува Марка.

Се чини дека Французинот стави јасно дознаење дека неговата следна идеална дестинација би била Мадрид, но, неговиот проблем можеби е фактот што челниците на Премиерлигашот не би го пуштиле лесно да си замине, со оглед на тоа што издвоија цели 114 милиони за неговиот трансфер во 2016. година.

Во периодот на Жозе Мурињо, Погба немаше голем успех на Олд Трафорд, но, 26 годишниот фудбалер игра во фантастична форма под кормилото на Оле Гунар Солскјер, а токму Французинот е наведен како идеален наследник на Лука Модриќ.

Се уште не е познато колку би го чинел Реал Мадрид тој трансфер, доколку е сериозен во тие намери секако, откако Кралевите си поставија приоритет да најдат достојна замена за Модриќ.

На европскиот трансфер пазар нема голем избор на фудбалери од типот на Погба, кој нема откупна клаузула во договорот со Манчестер јунајтед, а лутиот ривал на Кралевите, Барселона веќе издвои 75 милиони евра за Френки де Јонг кој на лето пристигнува на Камп Ноу, сума која може да достигне и до 86 милиони евра, иако младиот Холанѓанец е на сосема поинакво ниво од неговата кариера во однос на онаа на Погба.