24фудбал

Ристовски добро го познава селекторот на Словенија: Сигурно многу сака да победи, но...

Ристовски и Кек имаа одлична соработка во Ријека, словенечкиот фудбалски стратег во Македонецот имаше своја „алфа и омега“ во тој состав, а утревечер Ристовски ќе се обиде да му ги расипе плановите на својот поранешен тренер.

Македонија

Македонскиот бек кој знае и умее мошне добро да се снајде и во офанзивната игра, Стефан Ристовски добро го познава словенечкиот селектор Матјаж Кек, со кого соработуваа на одлично ниво во хрватска Ријека.

Токму утревечер Ристовски ќе се обиде да му ги расипе плановите на Кек во пресметката помеѓу Словенија и Македонија во второто квалификациско коло за ЕП 2020, откако во првото Македонија тргна со победа над Летонија со 3-1 на домашен терен, а Словенија ремизираше кај Израел со 1-1.

Верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Ќе се потрудиме да се вратиме со бод или бодови од ова гостување. Јас го познавам многу добро селекторот на Словенија, Кек, и сигурно дека тој сака многу да победи“ рече Ристовски на денешната пресконференција.

Ќе биде ова добар натпревар. Ние долго време сме заедно што значи дека можеме да се носиме со секого. Сакаме да докажеме дека оваа генерација има квалитет да игра на големо натпрецарување како што е Европското Првенство“ додаде македонскиот репрезентативец.