24фудбал

Во Мароко не веруваат дека Меси е повреден, сметаат дека се измамени

Мароканските навивачи очекуваа да го видат Меси во пријателскиот натпревар меѓу Мароко и Аргентина, но тоа нема да се случи, официјално поради повреда, но...

Јужна Америка

Меси е сензација каде и да оди, посебно во земји каде што немаат можност често да гледаат елитен фудбал. Тој беше дел од пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Шпанија кој се одигра во Мадрид на стадионот на Атлетико, но нема да биде дел од мечот во Мароко.

Натпреварот меѓу Мароко и Аргентина е распродаден, а фановите беа возбудени дека ќе го видат Меси, но тој нема да се појави на Ибн Батоута стадионот, официјално поради повреда.

Аргентинскиот новинар, Мартин Либерман само додаде масло на шпекулациите дека Меси нема повреда и тој нема да игра против Мароко бидејќи смета дека подобро е да го пропушти овој дуел.

„Има таен договор меѓу фудбалерот и селекторот Лионел Скалони, Меси да игра само против Венецуела, а да го пропушти Мароко“, пишува новинарот.

Можеби фудбалските фанови во Мароко се разочарани поради тоа што нема да го видат Меси, но фудбалската федерација во оваа земја нема многу да жали, тие ќе заштедат 450.000 евра.

Имено, Мароко на Аргентина и плаќа милион евра за пријателскиот натпревар, но во договорот има клаузула која вели дека Аргентинците ќе ја добијат оваа сума само ако Меси биде на теренот најмалку 70 минути. Лео нема да игра, па договорот вели дека наместо милион евра, Фудбалската федерација на Мароко треба да плати 550.000 евра за пријателскиот меч.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.