24фудбал

У19: Победа со пресврт над Албанија

Денеска на програмата имавме можност да проследиме три настапи на помладите фудбалски репрезентации на Македонија, меѓу кои и онаа за фудбалери до 19 годишна возраст.

Македонија

Младата македонска фудбалска репрезентација за играчи до 19 годишна возраст славеше победа од 2-1 во пријателскиот меч кој го одигра против соодветната селекција на Албанија, а триумфот дојде со пресврт.

Албанците први дојдоа до предност на контролката со голот во деветтата минута, но, на пет минути пред паузата на полувремето нашите надежи израмнија и навестија интересно второ полувреме.

По само осум минути игра во вториот дел, избраниците на Горан Станиќ дојдоа до предност од 2-1, резултат кој го сочуваа до крајот на мечот, иако во финишот останаа со играч помалку на теренот.

Пред само три дена, против истиот противник, нашите надежи одиграа реми.


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.