24фудбал

Резервистите со доцни погодоци ги спасија Аргентина и Бразил од нови бламажи (ВИДЕО)

Со голот на Кореа, Аргентина стигна до минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Мароко, Жесус погоди два пати и донесе триумф на Бразил од 1-3 против Чешка.

Јужна Америка

Термините на УЕФА за квалификациите за ЕП, репрезентациите од Јужна Америка ги користат за воигрување и испробување нови играчи.

Минатата недела, Аргентина беше понижена од Венецуела, додека Бразил одигра скромни 1-1 со Панама. Двете фудбалски велесили и денеска беа на прагот на нова бламажа, но резервистите со доцни погодоци донесоа победи.

Кореа реализираше во 83. минута и донесе минимален триумф на „гаучосите“ од 0-1 над Мароко.


Во Прага, Габриел Жесус два пати стрелаше во финишот од мечот и сe погрижи „кариоките“ со 1-3 да триумфираат над Чешка.