24фудбал

Баерн Минхен го потврди рекордното засилување Лукас Ернандез

Ернандез е второто засилување за минхенски Баерн за следната сезона, како и втора ѕвезда од светскиот првак Франција по Павар кој ќе се приклучи од Штутгарт, исто на лето.

Германија

Германскиот првак Баерн Минхен потврди дека постигнал договор со  Атлетико Мадрид за трансфер на Лукас Ернандез, а Французинот ќе се пресели на Алијанц арената за цели 80 милиони евра, што воедно е клупски рекорд за Бундеслигашот.

Освојувачот на Светското првенство со својата селекција Франција, потпиша петгодишен договор со Бундеслигашот, каде ќе се пресели на лето, а од тимот од Минхен истовремено посочија дека 23 годишниот Французин поради повреда ќе мора да оди на операција, а истата ќе го оддалечи од терените до крајот на актуелнава сезона.

Ова е посебен ден за мене во мојата кариера, Баерн Минхен е еден од најдобрите клубови во Европа и светот, горд сум на тоа што ќе се борам за секоја титула во дресот на таа екипа, а би сакал да му се заблагодарам на Атлетико Мадрид за прекрасните 12 години, тоа е клуб кој секогаш ќе биде дел од мене“ рече Ернандез.

Среќен сум поради тоа што потпишавме со еден од најдобрите дефанзивци во светот, како и светски шампион, Лукас Ернандез, воедно ја продолжуваме и традицијата да имаме Французи во составот и да го засилиме значително нашиот тим“ рече Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн Минхен.

Ернандез е најскапото засилување во клупската историја на Баерн Минхен, со речиси двојно повисоко обештетување во однос на Корентин Толисо и Хави Мартинез, кои со по околу 40 милиони евра се наоѓаат на второто, односно третото место на листата на најскапи засилувања во клупската историја на Баварците.


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.